Насловна / Вести / Одобрена изградбата на најголемата американска соларна електрана

Одобрена изградбата на најголемата американска соларна електрана

Американското министерство за внатрешни работи (DoI), и Канцеларијата за управување со земјиштето (BLM) ја одобрија изградбата на најголемата соларна електрана во САД. Се работи за постројката  Gemini со инсталирана моќност од 690 MW која ќе се гради покрај Лас Вегас, во сојузната држава Невада. Вредноста на проектот се проценува на дури 1 милијарда УСД, и кога ќе биде завршен, ќе биде осмата по ред најголема соларна електрана на светот. Проектот опфаќа изградба на постројка и пратечки објекти на површина од 0,8 ha, 34,5 kV далновод, пристапни и сервисни улици, и сл. Покрај тоа, предвидена е и изградба на систем за батериско складирање на енергија со моќност од 380 MW односно енергија од  1400 MW h.  Се очекува електраната да биде пуштена во погон во 2022 година.

gemini1

Gemini2

Испрати коментар

Scroll To Top