Насловна / Архитектура / Одморалиштето Patina Maldives кое никого не остава рамнодушен

Одморалиштето Patina Maldives кое никого не остава рамнодушен

Новото велнес одморалиште Patina Maldives нуди извонредно чувство на припадност, каде што гостите можат да се подмладат и да комуницираат со природата. Сместено на северниот дел на Мале Атол, одморалиштето е проектирано од бразилскиот архитект Марсио Коган и неговиот тим од Студиото МК27 со седиште во Сао Паоло.

10

„Сакавме да создадеме место каде што може да се ужива во удобноста и приватноста, придружено од прекрасната природа, но и да се доживее уметност и да запознаат интересни луѓе“, вели архитектката Рената Фурлането, која соработувала со Коган на овој проект.

14

Одморалиштето, кое вклучува 90 вили со една или три спални соби и со базен, располага со возвишен амбиент кој органски го спојува луксузниот дизајн и лежерната атмосфера на плажа.

12

1

Пејзажните украси на целиот остров создаваат приватност за вилите и се развиваат за да ги истакнат најважните заеднички згради, воспоставувајќи хиерархија на фокуси на различните градби. По пристигнувањето, гостинот се движи по природни патеки за да стигне до својата вила. Започнува кругот од еден километар. За 15 минути од главната зграда, може да се стигне до повеќето плажи на островот или може да се истрча пет километри за време на зајдисонце и да се помине целиот периметар.

9

Волуметриските одговори на архитектурата се исклучително деликатни, со почит кон околината, обидувајќи се да обезбедат сенки и удобност, да ја доловат и засилат силата на пејзажот. Архитектонските линии во ниту еден момент не го нарушуваат хоризонтот, поставени се ниско и елегантно.

15

„Според нас, ентериерите се секогаш продолжување на архитектурата, па така и проектот „Патина“ не беше исклучок“, вели Педро Рибеиро од Студио МК27, кој го проектирал внатрешното уредување заедно со Дијана Радомислер од истоименото биро.

3

2

Гостите можат да се релаксираат во бањата, да снимаат музика во студиото на лице место или да ја истражуваат уметничката галерија, како делата на Хироко Такеда.

Фасадите се изработени од дрво и тула и нивната транспарентност ја зајакнува силната врска помеѓу архитектурата и природата. Сите објекти се визуелно пропустливи, претопени, дематеријализирани, ставајќи ги животот и луѓето во центарот на доживувањето.

PATINA_MALDIVES_JAMES-TURRELL_SKYSPACE_3009_03

Единствената изградена патека, во дрво, ја одредува оската која ја организира целата програма на хотелот. Лево се главната зграда и повеќето вили. Десно е бањата и заедничките простори на комплексот и клубот на плажа.

01

Посетителите имаат голем број опции за вкусна храна. Се служат јапонско-нордиски оброци, зачинета латинска кујна, азиски јадења и медитеранска храна. Готвачот, Халук Центинер, служи примамливи грчки задоволства, како кавурма, тепсија со октопод, домати, зелени и црвени пиперки, печурки во соја сос, во лежерен амбиент покрај океанот.

8

4

Дополнително, одморалиштето е замислено да користи сончева енергија и да рециклира пластика. На лице место постои дури и Fab Lab што им овозможува на децата да ја трансформираат океанската пластика во 3D уметност. Сето тоа придонесува за севкупната мисија на Патина за благосостојба – во и со светот во целина.

6

11

13

5

7

PATINA_MALDIVES_FB_FARINE_1762_03

17 18 19 20

21 22

23

АВТОР: Сања ВЕЛКАКОВА

Испрати коментар

Scroll To Top