Проектот „Реконструкција на Детското одморалиште „Голак“- Делчево во Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион“, беше поддржан на денешната седница на Советот на општина Делчево.
Со оваа одлука, што Советот ја донесе едногласно, општина Делчево ќе бара финансиска поддршка од Програмата за рамномерен регионален развој за 2014 година, во износ од 150.000 швајцарски франци. Средствата за реализација на овој проект се обезбедуваат со апликација по повикот објавен од Програмата за зачувување на природата во Македонија.
Советниците на денешната седница го усвоија и Стратешкиот план за Локален економски развој за периодот 2014 – 2017 година.