Добро е познато дека Јапонците се повеќе го почитуваат минималистичкиот начин на живот во сите аспекти, почнувајќи од малиот круг на пријатели, па до мебел за дома кој го подразбира само најпотребното.
Оваа филозофија претставува бунт против конзумеризмот како начин на живеење и е ориентирана кон една сосема поинаква животна вредност. Од ваквиот принцип се водела и компанијата MUJI, позната по своите минималистички дизајнерски додатоци за дома. Но, сега тие одлучиле да одат чекор понатаму и да претстават едноставна куќа за одмор која може да послужи и како вистински дом. Градбата има само девет квадратни метри, таванот е висок два метри, а се состои од еден кревет, тепих, ламба, мала маса и шпорет.
Оваа куќа може лесно да се монтира каде било, а поради својата едноставност лесно ќе се вклопи во секој предел. Дизајнерите ја направиле на начин што во неа може да се сместат до четири лица за дневни варијанти, а можат да спијат едно до две лица. MUJI Hut наскоро ќе биде достапнa за продажба и ќе чини околу 27.000 долари.