Полска ја избра американската компанија Westinghouse за изградба на првата нуклеарна електрана во оваа земја, во склоп на настојувањата да се користи помалку јаглен и да се постигне поголема енергетска независност. Премиерот Mateusz Morawiecki објавил на Twitter дека Полска ќе користи “доверлива и безбедна технологија“ на компанијата Westinghouse Electric Company за електраната во покраината Померанија во близина на брегот на Балтичко море. Точната локaција допрва треба да се утврди. Силниот полско – американски сојуз „гарантира успех нa нашите заеднички иницијативи“ додал Morawiecki.
Полска планира да потроши 40 милијарди долари за изградба на две нуклеарни електрани со по три реактори, а последната ќе биде пуштена во погон во 2043 година. Договорот со САД и Westinghouse се однесува на првите три реактори од електраната во Померанија, за која е планирано да стартува со работа во 2033 година. Проектот се очекува индиректно да отвори или одржи околу 100.000 работни места. Претходно, Полска за овој проект преговараше и со Франција и со Јужна Кореја. Полска веќе со децении има намера да изгради нуклеарна електрана со цел да ги замени своите застарени термоелектрани на јаглен. Имено, државата обезбедува најголем дел од потребите за електрична енергија од јаглен. Полска ја има најголемата термоелектрана на јаглен во Европа, а загдениот воздух е сериозен проблем. Изградба на нуклеарна електрана со тогашна советска технологија започнала во раните 80-ти години од минатиот век, но не е реализирана.