Насловна / Архитектура / Одложување на сите настани и вонредно работно време на Комората ОАИ

Одложување на сите настани и вонредно работно време на Комората ОАИ

Како мерка за превенирање на ширењето на вирусот Covid-19, во согласност со препораките на Владата на РС Македонија, Комората на овластени архитекти и овластени инженери ги одложува сите настани закажани во наредниот перод и воведува вонредно работно време кое подразбира затворање на канцелариите на Комората и комуникација исклучиво по телефон и по електронска пошта.

кои_resize

Барањата за продолжување на овластувањата инженерите можат да ги направат со праќање на скенирани документи по електронска пошта без да доаѓаат во просториите на Комората.

Исто така, ги молиме инженерите, подигањето на готовите овластувања од Комората да го одложат поради горенаведените причини. Во итни случаи за потреба од овластувањата, пратете барање по електронска пошта и ќе Ви биде доставена скенирана копија.

Одложувањето е на неопределено време и ќе трае се додека трае опасноста од ширење на опасниот вирус.

Листа на контакти по одделенија:

Архитектура 078-406-381 [email protected]

Градежништво 078-406-385 [email protected]

Машинство 078-406-386 [email protected]

Електротехника 078-406-386 [email protected]

Енергетска ефикасност 078-406-386 [email protected]

Сообраќај 078-406-386 [email protected]

Геотехника 078-406-385 [email protected]

Животна средина 078-406-386 [email protected]

Геодезија 078-406-385 [email protected]

Заштита при работа и противпожарна заштита 078-406-381 [email protected]

Технологија и металургија 078-406-381 [email protected]

Урбанистичко планирање 078-406-384 [email protected]

Овластувања за странски физички лица 078-406-384 [email protected]

Исто така членовите на Управниот одбор без да доаѓаат во просториите на Комората ќе се поврзат преку видео врска и ќе биде овозможено електронско изјаснување по точките кои се предвидени за дискусија.

Повеќе информации можете да видите тука.

кои1_resize

Испрати коментар

Scroll To Top