Кога станува збор за проектирање на удобни станови, тогаш може да се предложат безброј иновативни решенија кои одлично би одговарале на таквите простори, но кога станува збор за проектирање на екстремно мали простории, тогаш иновативноста на дизајнерите доаѓа до вистински израз.
Овој микроапартман се развива на само 15 метри квадратни. Во овој стан функциите се преплетуваат една во друга, па така на едниот ѕид по должина се поставени ТВ комода, работна површина која истовремено е и трпезариска маса за двајца, плакар, библиотека и слично.
Кујнските елементи се сместени на ѕидот од бањата, а пред нив се наоѓа софата, одделена со мало шанкче од кујната. Сите елементи се одлично влопени во просторот и формираат една совршена композиција.