За убавината на празните подземни железници најдобро знае фотографот Кевин Краутгартнер, кој успеал тоа да го покаже и докаже во својата серија на фотографии Go underground, која се занимава токму со оваа тема. Имено, тој поминал извесно време во фотографирање на ентериери на празните подземни железници кои изгледаат сосема поинаку кога во нив нема луѓе, а особено доаѓа до израз начинот на кој тие се дизајнирани, но и целокупниот визуелен впечаток.
И додека во некои од нив се провлекуваат живи бои и во исто време тие изгледаат мошне еклектично, во други преовладуваат „студеноста” на т.н. подземја. Се разбира, некои од нив пак се чини како да се дизајнирани во иднината.