Оваа совршена куќа е сместена на брегот на езерото Кивијарки, во близина на Лумаки, Финска. Куќата претставува викендица за едно докторско семејство, а нејзината диспозиција во шума и во близина на езерскиот брег му овозможува на сопственикот во секое време да ужива во ловот и риболовот, што за него претставуваат начини за опуштање.
Оваа куќа со својата основа се отвора кон југ и запад, што исто така им овозможува на сопствениците да уживаат во погледот и во визуелните уметности.
Оваа куќа се развива на две нивоа. На приземното ниво каде е сместен влезот се наоѓаат две спални соби, соба со огниште, бања, сауна, гардероби, посебен тоалет, перална и домашно кино.
На катот пак е сместена кујната, која го зазема централниот дел од просторот, а од двете нејзини страни се поставени трпезаријата и дневната соба, една родителска спална соба на едниот крај од основата и голема тераса од другиот крај.
На издаденото крило пак, над домашното кино, се наоѓа една домашна библиотека која се развива на две нивоа, како и работна соба.
Оваа куќа е дело на финските архитекти: Kimmo Lintula, Niko Sirola, Mikko Summanen и има површина од 326 м2.