Оваа куќа е дело на проектантскиот тим на архитектонското студио CH + QS arquitectos. Сместена на една падина во Сеговија, Шпанија, таа претставува одлична полска куќа која е во кохезија со природата. Куќата се развива на две нивоа, и тоа подрумско и приземно ниво.
Приземното ниво претставува една правоаголна призма која во средината е перфорирана, а станиците кои фалат се отворени и претворени во тераси.
Во оваа куќа преку пространите отвори од двете страни, може да се ужива во природата и глетката што се пружа од внатре.
Конструктивниот систем на куќата е од челик, додека исполните се од дрво и стакло.
Користејќи ги овие природни материјали, оваа куќа е целосно незагадувачка и еколошка.