Во мноштвото слични куќи во резиденцијалниот дел на округот Колумбија на север на државата Њујорк, некои се уште држат на идејата нивните домови да се разликуваат од другите. Архитектката Messana O’Rorke добила задача за реновирање на куќата Ten Broeck Cottage, која датира од 18 век, а сопствениците ја замолиле за дизајн да проектира еден своевиден анекс, кој ќе има функција на дополнителен простор.
Наместо да се изгради посебен објект на големата парцела која ја поседуваат, сопствениците одлучиле од својот дом да реализираат нешто поинаку, односно новиот објект едноставно да биде споен со постоечката куќа.
Материјалот кој доминира е дрво, исто како и оригиналната куќа, а клучно било да се создаде атмосфера на вистински дом, кој повикува на релаксација.
Така, централно место зазема каминот, а стаклените ѕидови обезбедуваат голем проток на природна светлина. Со ентериерот доминираат бели, беж и кафеави тонови, а стилот е многу минималистички со модерни елементи.