Насловна / Вести / Одличен резултат за Словенија: Блед и Горје се првите градови во ЕУ со сертификат „нула отпад“

Одличен резултат за Словенија: Блед и Горје се првите градови во ЕУ со сертификат „нула отпад“

Невладината организација Zero Waste Europe (ZWE) ја покренала програмата „Градови без отпад“  (Zero Waste Cities) и сертификацијата на градовите без отпад  (Zero Waste Cities Certification), со цел да го забрза достигнувањето на стандардот „без отпад“ и развојот на циркуларната економија во европските градови. Сертификацијата ја спроведува организацијата Mission Zero Academy (MiZA).

bled1

После успешното спроведување на своите планови за „нула отпад“, две словенечки општини – Блед и Горје, минаа низ сите фази на докажување на ефикасноста на својот напредок во имплементацијата на системот без отпад и циркуларна економија, и добија статус на сертифицирани градови со две ѕвездички. Со тоа, тие станаа првите градови во ЕУ со овој сертификат. Сертификацијата со две ѕвездички значи дека овие градови веќе работат многу подобро во секторот за управување со отпад отколку што тоа го бараат европските цели, дека имаат широк спектар на мерки за превенција, повторна употреба и рециклажа, но и дека влијаат во оваа насока врз различни засегнати страни.

bled2

bled3

 

„И Горје и Блед, инаку две популарни туристички дестинации, покажуваат лидерство во управувањето со отпадот и ресурсите и имаат јасна стратегија за подобрувања која сигурно ќе доведе до повеќе ѕвездички во иднина“, велат од  MiZA.  Заедно со словенечката еколошка организација „Еколози без граници“ (Ekologi brez meja), Горје и Блед успеале да спроведат над 40 мерки за унапредување на управувањето со ресурсите и свеста на граѓаните, за зголемување на стапката на одвоено собирање на отпадот од 7% на 75% и да ја намалат стапката на генерирање на отпад по турист од 71% на 16%, при истовремено удвојување на бројот на туристи. Блед и Горје ќе се подвргнат на нови проверки на секои три години, со цел да се потврди статусот на сертификацијата, со можност за подигање на нивото до максималните пет ѕвездички.

bled4

Mission Zero Academy (MiZA) наведува дека стапките на одвоено собирање на отпадот во 462 града кои се обврзале да бидат без отпад, се движат од 7% до 93%. Најдобро рангиран е Тревизо во Италија. Меѓутоа, доколку се погледа просекот кај овие градови, се гледа дека просечната стапка е 67%, што е над утврдената цел за рециклирање на ЕУ од 55% за 2025 година. Освен тоа, податоците покажуваат дека во наведените места во просек се генерираат 438 килограми комунален отпад по глава на жител, додека просекот на ЕУ за 2020 година е 503 килограми.

 

Испрати коментар

Scroll To Top