Во Токио, веќе почнаа подготовките за летната Олимпијада која ќе се одржи во 2020 година.
Колку што е познато, новиот стадион, дело на Заха Хадид, ќе биде изграден на местото на некогашниот стадион Kasumigaoka во Токио, на којшто се одржаа Олимписките игри во 1964 година.
Денес, од некогашниот познат стадион, благодарение на јапонскиот производител на мебел, компанијата Karimoku, сочувани се 700 седишта.
Оваа компанија заедно со тројца дизајнери одлучиле на старите седишта од Олимпискиот стадион Kasumigaoka да им дадат нов живот и со тоа да зачуваат барем дел од легендарниот спортски објект.
Старите сини седишта послужиле како седишта за нови столчиња и клупи засилени со дрвени конструкции. Овој интересен артефакт во минималистичко издание од спортската историја, би можел да ги заинтересира љубителите на едноставниот и функционален дизајн со богата историја.