Во соработка со познатиот производител на термотехничка опрема Viessmann, кој ја донирал и испрачал опремата, на Факултетот за машинство и бродоградба во Загреб (FSB – Fakultet strojarstva i brodogradnje), вградена е нова испитна тплинска пумпа воздух – вода. Се работи за вреден проект во кој тесно соработувале науката и хрватското стопанство, а кој е кофинансиран од страна на Фондот за заштита на животната средина и енергетска ефикасност. Освен во функција на ладеење и греење на објектот, топлинската пумпа ќе се користи за истражување на работните параметри кај овој вид на уреди, ќе овозможува изведување на лабораториски вежби и изработка на димпломски, стручни и научни трудови. На Институтот за термодинамика, топлинска и процесна техника на FSB, веќе низа години се спроведуваат значајни практични испитувања од областа на термодинамичките процеси.

