На прв поглед, изгледа како обичен црн блок, но тоа не е обична кутија, туку специјално дизајнирана славина, која е креирана како дело на бразилскиот архитект Gui Mattos, за брендот Docol. Сè што треба да направите за да ја активирате, е да го поместите нејзиниот горен дел.
Наречен Giro, оваа славина е истовремено храбра и суптилна, и доаѓа со визуелно интересна форма. Создадена е како обичен блок, кој внимателно ги крие сите елементи на славина. Едно нежно движење на нејзиниот горен дел открива славина, која испушта вода кога ќе стигне до централниот дел на мијалникот, додека на едниот крај од главната кутија има регулатор за проток на водата.
Giro славината славината користи иновативна технологија, која овозможува да се пушти вода само кога е поставена на централниот дел на мијалникот.