Латвискиот дизајнер Germans Ermics е одговорен за овој одличен стол кој го карактеризираат боите на виножитото. Како што истакна авторот, тој бил инспириран од филмот 2001: A Space Odyssey и остава впечаток како да левитира.
Пригодно и едноставно наречен Ombre, столот бил презентиран неодамна на Миланската недела на дизајнот, каде што посетителите биле импресионирани од неговиот изглед. Направен е од обоени стаклени плочи и во строга геометриска форма која не ја нарушува удобноста. Овој елегантен и ефектен стол е само дел од споменатата ombre колекција.