Станува збор за ноќниот клуб Control Club – Berlin Hall во Букурешт кој се наоѓа во стариот и историски дел на градот. Во овој простор, во минатото бил сместен еден од најпознатите и најотмените ресторани во градот.
Овој клуб е дело на најпознатите дизајнери на ентериери и архитекти во Романија, студиото Лама Архитектура, кои се имаат здобиено и со светска слава.
Концептот со кој се служат овие генијални архитекти е всушност доловување на атмосферата во Берлин, пред падот на ѕидот, па така, централен мотив во ентериерот е Берлинскиот ѕид.
„Берлинскиот ѕид“ го дели клубот на дел за седење и дел со подиум за играње. Исто така, на галеријата на катот е продолжен овој мотив и глетката кон подиумот ја „попречува“ челичната мрежа.