Се пролонгира третата фаза од процесот на либерализација на пазарот со електрична енергија, која требаше да стартува на 1 јануари следната година. Со измени во Законот за енергетика, на предлог на Владата, целиот процес се одложува за година и половина и ќе продолжи на 1 јули 2016 година.
Ќе се одвива во пет фази, а потрошувачите етапно ќе излегуваат на слободен пазар во зависност од големината на вкупната потрошувачка во претходната година. Последни на пазар ќе излезат 600 илјади домаќинствата кои ќе станат квалификувани потрошувачи на 1 јули 2020 година.
Основна причина за овој чекор е заштитата на живодниот стандард на населението. Од друга страна, Македонија и досега е лидер во регионот со околу 44% либерализиран пазар на електрична енергија, додека кај другите земји тој процент се движи меѓу нула во случајот на Косово и Украина, 3% во Молдавија, 8% во Србија и БиХ, 13% во Албанија, до најмногу 24% во Црна Гора, појасни министерот за економија, Беким Незири.