Одгледувањето лимони во затворен простор, односно во саксии бара многу повеќе знаење и внимание од одгледувачот отколку нивното одгледување на отворено…
И покрај најубавите желби, одгледувачите на лимон во затворени простории можат да доживеат големи разочарувања, бидејќи лимоните по својата природа се чувствителни на надворешни влијанија…
Уште од античко време е забележано дека плодовите на лимон делуваат благотворно – го зголемуваат апетитот и делуваат закрепнувачки на ослабениот организам. Ако го одгледувате сами во вашиот дом, можете да имате свои здрави плодови кои се користат за јадење, сок и преработка.
Citrus limon L се вбројува меѓу растенијата кои со својата пријатна, ненаметлива крошна прават вистинска декорација во сите фази од нивниот развој и во сите годишни времиња. Лимонот е прекрасно и декоративно зимзелено растение кое расте од 3 до 6 метри, со сјајни лисја, бели цветови и освежувачки жолти плодови, кое може да трае и над дваесет години.
Најважните услови потребни за одгледување се температурата, бидејќи лимонот по природа е љубители на топлина, како и светлината и влагата неопходни за непречен раст и развој.
Нјачесто се сади на пролет, а во затворени простории може да се сади и наесен. Квалитетните садници се гаранција за успех, затоа треба да се набават од расадници кои гарантираат квалитет. Расадот се става во средина на саксијата, каде што по поставувањето на дренажата, постепено се додава земја околу, а расадот нежно се турка во земјата и на крајот обилно се залева.
Ако сакате да го имате најдоброто за вашиот лимон, ставете го во сад од печена глина. Одредете ја големината на садот според возраста – најдобро е постепено да ја зголемувате големината на садот истовремено со растот. На дното на глинените или другите садови, мора да има една или повеќе дупки низ кои ќе се исцеди вишокот вода. Земјата во саксијата треба да биде со средна влажност, па во текот на летото полевајте го лимонот на секои 2-3 дена. Садот можете да го поставите во плитка чинија со вода.
Лимонот ставете го до застаклени површини во близина на прозорци или врати, каде што паѓа најдиректната сончева светлина. Поради недостаток на светлина, растението може да ги испушти лисјата, тогаш треба да се исечат голите гранки за да израснат млади во рана пролет. Најдобри места се оние кои се наоѓаат на јужната, западната или источната страна на собите. Исто така, внимавајте да не го ставате премногу блиску до извор на топлина и постепено проветруватејте ја просторијата, за да не се прегрее и суши воздухот и на тој начин да му наштети. Во лето најдобро е да го ставите надвор, на чист воздух.
За време на растењето, треба да го пресадите од помала во поголема саксија, за да има доволно простор за слободен раст и развој.