Насловна / Архитектура / Одекнувањата на локалната градителска традиција во модерен контекст

Одекнувањата на локалната градителска традиција во модерен контекст

Навлегувајќи ги во својата суштина корените на конструктивната традиција на градење на северот на Сорија, проектот за толкувачки центар е отелотворен во интегрирана типологија со правилна форма или таканаречената „четиристрана кабина“. Во неа, главниот внатрешен простор е посветен на поттикнување на социјалниот аспект на посетителите, придружен со информативен простор, додека, јавните тоалети се наоѓаат периметрално во низа заедно со внатрешнтаа кафетерија и просторот за складирање.

3-copy-0 2-copy-0 4-copy-0

Новата структура проектирана од Tuñón y Albornoz Arquitectos претставува функционален периметар, кој обвива единствен простор покриен со пирамидална структура. Оваа чиста формативност, се обидува да воспостави врски со архетипите на локалните архитектонски тенденции, „casa pinariega“ и „casa carretera“, без да се откаже од функционалноста и современоста во било кое време, на конструкција која мора да биде лесна за одржување. осцилирајќи меѓу интровертноста на првата и екстровертноста на втората.

5-copy-0

Новата градба, сместена меѓу боровите на природната парк шума, има голема сличност со онаа на монолитната карпа што постои на локацијата, истовремено визуелно прилагодувајќи ја на околниот контекст.

6-copy-0 10-copy-0

Сите ѕидни површини на новата структура се направени од рециклиран камен, со профили од челичен лим  на отворите. Покривите се изработени од рециклирана арапска плочка, поставена на традиционален начин. Столаријата, е од дабово дрво, а целата внатрешност е покриена со црни панели.

7-copy-0 8-copy-0 1-copy-0

Испрати коментар

Scroll To Top