Насловна / Архитектура / Одеднаш се предомислија од ЕВН и фасадата на објектот нема да биде во „барок“

Одеднаш се предомислија од ЕВН и фасадата на објектот нема да биде во „барок“

Како што пренесува порталот САКАМДАКАЖАМ.МК, деловната зградата во која се сместени ЕВН и ЕЛЕМ во центарот на Скопје нема да има барокна фасада како што беше одлучено во 2013 година.
„Фасадата нема да биде во барокен стил како што беше првично предвидено. Ова го одлучивме заедно со ЕВН“, велат од ЕЛЕМ.

ел
„Се разгледуваат можности меѓу кои и промена на неокласичниот изгледот кој беше предвиден со проектот за реконструкција во 2013 година. Решението кое ќе се избере сакаме да биде соодветно за централното градско подрачје. Нема да има никакви дополнителни финансиски импликации бидејќи зградата е во таа фаза кога не е почнато да се гради новата фасада“, велат од ЕВН.
Градежните работи за реконструкција на зградата се стопирани пред две години кога се запали фасадата.
Реновирањето на фасадата на зградата на ЕВН и ЕЛЕМ почна летото во 2013 година и според најавите требаше да биде готова до крајот на 2014 година. Тогаш од компаниите рекоа дека фасадата била планирана да се реконструира пред проектот „Скопје 2014“, а за барокно решение се одлучиле за да се вклопи во новиот амбиент на објектите каде е сместена зградата. За реновирањето беше предвидено да се потрошат 4,3 милиони евра.

Испрати коментар

Scroll To Top