Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Трибина за зелени сертификати, неискористени механизми и финансиски инструменти од Кјото протоколот

Трибина за зелени сертификати, неискористени механизми и финансиски инструменти од Кјото протоколот

zelen-certifikat.jpgСкопје – Треба да се создадат предуслови државата да ги признае јаглеродните кредити како финансиски инструмент – хартии од вредност и да се донесе на соодветна законска регулатива, националните банки или инвестициски фондови да ги  менаџираат јаглеродните кредити, но и да се надминат објективните и субјективните пречки како недостаток на податоци, поголема координација, намалување на политичките влијанија од надвор и од внатре.

 

Најголема бенефит од ова ќе имаат малите и средни потенцијални инвеститори кои не се во состојба да побараат финансирање од големите меѓународни и национални банки.
 
Ова беа заклучоците на денешната трибина "Карбон кредити и зелени сертификати-неискористени механизми и финансиски инструменти од Кјото протоколот".
Заложба на Владата на Република Македонија, според заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, е инкорпорирање на прашањето за климатските промени во генералната стратегија за планирање и развој на државата со цел намалување на порастот на штетните емисии преку развој на мерки за намалување на емисиите во развојните планови на државата, а како држава со кандидатски статус за полноправно членство во ЕУ, својот развој го темели врз основа на почитување на овие приоритети.
 
– Ќе биде потребно засилување на приватните и јавни финансиски текови за преземање на мерки за намалување и адаптирање кон климатските промени, како и за трансфер на технологијата и јакнење на капацитетите. Во иднина во развојните патеки на националната економија треба да се вградат мерки за ублажување на климатските промени, односно со други зборови кажано на Македонија и е неопходно озеленување на економијата за таа да стане поконкурентна на светскиот пазар, додаде Темелковски.
 
Професорката Ана Лазаревска од Машинскиот факултет во Скопје информира дека Република Македонија е на 31. место во светот по интензивност на јаглеродни емисии во однос на БДП. Таа посочи дека скриени потенцијали има во менаџирањеото со цврстиот отпад и отпадот од домашните животните, енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија кои мора да се искористуваат многу повеќе. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top