Насловна / Архитектура / Одделението на архитекти при КОАИ бара да се повлече Законот за легализација

Одделението на архитекти при КОАИ бара да се повлече Законот за легализација

Одделението на архитекти при Комората на овластени архитекти и овластени инженери одржа состанок со точка на дневен ред Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

По одржаниот состанок одделението го донесе следниот заклучок:

– Законот да се повлече како таков и да се преработи како дел во Законот за градба

– овој закон би направил додатни проблеми во урбанистичкото планирање

– со легализацијата на уште бесправни згради, тотално се занемарува еколошкиот аспект во поглед на загаденоста на воздухот,

– Законот уште повеќе потикнува градба на бесправни градби, со неконтролирани габарити, висини

– Законот создава нееднаквост на граѓаните, бидејќи во нивното соседство може да се изгради било каков објект, без да постои обврска да бидат обавестени, ниту дава можност за реакција, а со тоа може и нивниот имот да биде девалвиран од повеќе аспекти.

KOAI

Испрати коментар

Scroll To Top