Насловна / Архитектура / Одбрани најдобрите високи згради по региони

Одбрани најдобрите високи згради по региони

Меѓународниот совет за високи згради и урбани средини – CTBUH (the Council on Tall Buildings and Urban Habitat) ги објави победниците и финалистите за наградите во различни категории. Оваа година биле номинирани вкупно 132 проекти. По пат на ригорозна селекција и оценување на проектите од страна на панел од експерти, одредени се победниците во пет категории. При оценувањето на номинациите особено е ставен акцент на одржливоста, мешовитата функционалност, сеизмиката, модерните технологии, условите на комфор и сл.

Добитниците на награди се определени за следните пет категории: награда за највисока зграда по региони (Америка, Азија и Австралија, Европа, Среден Исток и Африка), награда за урбани средини, награда за иновативност, награда за перформанси  и десетгодишна награда. Исто така, Советот додели и две награди за животно достигнување.

На сите добитници на награди ќе им биде оддадено признание на 15-тиот симпозиум во организација на CTBUH кој ќе се одржи во Чикаго, на Illinois Institute of Technology, на 3 ноември. На овој настан, четирите наградени високи згради по региони, ќе се натпреваруваат за титулата „најдобра висока зграда во светот“.245

Наградени во категоријата високи згради 

Во оваа категорија, номинациите се однесуваат на четири различни региони во светот, а проектите номинирани оваа година потекнуваат од 27 различни земји. Наградените проекти се препознаени по својот извонреден придонес во урбаното опкружување, иновативноста и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Во продолжение следува краток преглед на наградените проекти во оваа категорија по региони.

1. Најдобра висока зграда – Америка

виа 57 вест (2)виа 57 вест (1)

VIA 57 WEST, во Њујорк, со својата комплексна и интелигентно ориентирана архитектура го максимизира погледот кон реката Хадсон. По својот архитектонски концепт, претставува комбинација од компактност, густина и интимност на класична зграда со пространост и грандиозност на еден облакодер.

2. Најдобра висока зграда – Азија и Австралија

шангај кула_1 шангај кула_2

Shanghai Tower, воведува еден нов прототип за високите згради. Со својата закривена фасада и спирална форма го симболизира динамизмот на модерна Кина. Објектот содржи многу елементи на одржлива – зелена архитектура, простран атриум исполнет со светлина и сл. Објектот ја содржи првата фасада со „двојна кожа“ изведена кај еден облакодер, која е интегрирана со системот за вентилација на зградата. Жртвувањето на дел од корисната површина на објектот на сметка на обезбедување на социјални придобивки од аспект на квалитет на живот и одржливост, е еден од клучните фактори што ја издвојува оваа градба од мноштвото комерцијални згради.

3. Најдобра висока зграда – Европа

бели ѕидови европа_1 бели ѕидови европа_2 бели ѕидови европа_3

The White Walls ја трансформираше урбаната силуета на Никозија, главниот град на Кипар, донесувајќи еден иновативен дизајн на кула со резиденцијално–деловни содржини, која недвојбено го носи во себе печатот на Медитеранот. Објектот има инкорпорирани извонредни решенија кои се во насока на заштита и унапредување на животната средина. Белите бетонски ѕидови на објектот се перфорирани со можност за егзистрање на разновидни билки. Во овој контекст, целата јужна фасада (над 80%) е прекриена со различни видови билки кои се автохтони. Резултатот е попријатна микро клима, помала емисија на јаглерод диоксид и заштеда на енергија. Затоа оваа зграда е извонредна симбоза меѓу архитектурата и екологијата, создавајќи прекрасна врска со природата.

4. Најдобра висока зграда – Среден Исток и Африка

коцка среден исток и африка_1 коцка среден исток и африка_2 коцка среден исток и африка_3

The Cube, применува извонреден концепт за проектирање на резиденцијален објект, со примена на ротирачи и динамички простори на секој кат, овозможувајќи извонреден панорамски поглед на Бејрут на секој станар. Објектот означува јасна алтернатива на класичната типологија на коцка, внесувајќи динамичност преку елегантен и флуиден дизајн.

 

Испрати коментар

Scroll To Top