Националната галерија на Македонија одбележувањето на 70 годишнината од своето основање го започна со јубилејот 100 години од раѓањето на Борко Лазески (1917-1993), кое се случи во февруари, месец посветен на неговото творештво.
Месецот март беше посветен на понежниот пол и во чест на Меѓународниот ден на жената се реализираше изложбата под наслов „Чудесните жени од колекцијата на Националната галерија на Македонија“.
Април беше обоен во сина боја, во знак на подигнување на свеста во битката со аутизмот, започна едукативната програма „Уметност за сите“ подржана од страна на Холандската амбасада.
Следно е – мај во Националната галерија на Македонија. Од проектите во Програмата за месец мај е уште еден јубилеј достоен за одбележување: „100 години од раѓањето на Ибрахим Кодра“. По тој повод на 10 мај 2018 година (четврток) ќе се одржи прес конференција во 11 часот, во објектот Чифте амам. На прес конференцијата ќе присуствуваат и амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река и амбасадорот на Република Италија Карло Ромео.
Композиција I, 1968 г. комбинирана техника
Пјзаж, 1965 г., масло на платно