Насловна / Вести / Одбележани 67 години од основањето на Градежниот факултет со 34 стипендии за најдобрите студенти

Одбележани 67 години од основањето на Градежниот факултет со 34 стипендии за најдобрите студенти

По повод Ден на Градежен факултет во Скопје, на 6 октомври, како и секоја година, се одржа свечената манифестација во АМФ театарот, на која беа промовирани и новите стипендисти на Фондацијата за стипендирање на најуспешните студенти, формирана во 2004 година. Исто така, традиционално беше доделена и награда за најдобра дипломска работа од областа на челичните конструкции која традиционално ја доделува АД ФАКОМ од Скопје.gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-3

Оваа година, се одбележа шеесет и седмата годишнина од основањето на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на која присуствуваа студенти, декани, продекани, директори на институти, директори на јавни претпријатија и претставници на градежните компании.gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-16

Пред присутните со свој говор се обрати деканот на Градежен факултет, проф. д-р Дарко Мославац, кој потсети на почетоците на факултетот и на првиот наставен час на тогашниот Технички факултет со два оддела, Градежен и Архитектонски, кој заедно со уште неколку други факултети го имаат оформено Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” во Скопје.gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-4

Професорот Мославац рече дека организацијата на Градежниот факултет е втемелена на вкупно 14 катедри организирани во пет оддели. До денес на Градежниот факултет дипломирале над 3740 (3743) градежни инженери, над 440 (446) геодетски инженери, над 100 (105) геотехнички инженери и други кадри.

Покрај дипломирани инженери до моментов магистрирале и докторирале 292 магистри по градежништво, 55 магистри по геодезија и 96 доктори на науки.gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-25

Во чест на празникот, оваа година беа доделени 34 стипендии за 34 студенти, а оваа година добитник на наградата за најдобра дипломска работа од областа на челичните конструкции е студентот Стефан Мицевски за дипломската работа под наслов „Проект за катна гаража со четири платформи и димензии во основа 52х52m“, на кого наградата му ја додели директорот на монтажа на АД ФАКОМ Скопје, Димче Галовски.gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-23 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-19 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-15 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-11 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-10 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-9 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-30 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-29 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-28 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-27 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-26 gradezen-stipendii-na-studenti-za-2016-2017-21

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top