Со одбележувањето на денешниот Меѓународен ден на животна средина, Агенцијата за млади и спорт во соработка со Министерството за животна средина, градот Скопје и општина Гази Баба, денес беше организирана акција за чистење на трим патеката во Парк шумата Гази Баба.
На тој начин, организаторите сакаат да ја истакнат нужноста од подигање на свеста кај пошироката популација, а особено кај младите луѓе за заштита и унапредување на животната средина
Со учеството на сите релевантни институции, но и на спортистите кои се со нас денес се направи обид до младите луѓе да се испрати порака, но и да се покаже пример дека грижата за животната средина е неопходна за наше нормално функционирање и делување.
Ваквата грижа и придонес за животната средина не треба да се одвива само денес на овој ден, туку треба да биде основна задача на секој граѓанин, истакнуваат организаторите
Петти јуни е Светски ден на животната средина, а оваа година има за цел да ја подигне свеста за влијанието на климатските промени над малите земји од целиот свет.
Овој ден се одбележува во над 100 земји и вклучува милион жители од целиот свет.
Одбележувањето на Светскиот ден на животната средина почна во 1972 година и прерасна во клучна алатка на ОН за инспирирање на позитивна акција за заштита на животната средина.