Насловна / Архитектура / Урбан дизајн на Камник

Урбан дизајн на Камник

kamnik.jpgДа се споредува Камник со кој било друг град во регионот и пошироко е непотребно, бидејќи Камник е мал град со своја специфична убавина лоциран на брегот на реката Бистрица. Камник е место каде што патината на крововите, црковните кули и остатоците од некогашните замоци се прелеваат со зеленилото на околните ридови и полиња, граничејќи со венецот на Камнишките Алпи.

Да се споредува Камник со кој било друг град во регионот и пошироко е непотребно, бидејќи Камник е мал град со своја специфична убавина лоциран на брегот на реката Бистрица. Камник е место каде што патината на крововите, црковните кули и остатоците од некогашните замоци се прелеваат со зеленилото на околните ридови и полиња, граничејќи со венецот на Камнишките Алпи.

 

kamnik_2.jpg

Ова се компонентите што ја даваат душата на градот и сведочат за богата историја на Камник и неговите жители, кои успеале да ги зачуваат културата и јазикот и покрај римските, германските и унгарските влијанија. Камник живеел и сè уште живее на раскрсница на важни патишта, што го прават неговото значење големо во рамките на мозаикот на Словенија.

 

Во овој прекрасен град неодамна се одржа архитектонска работилница во организација на Групата Штајн, КДПМ и Архитектонскиот факултет од Љубљана, а целиот проект е координиран од словенечката архитектка Ања Јутраз. Темата на оваа работилница беше да се анимира целиот простор предвиден за традиционалниот фестивал „Камфест“, да се изработи урбан дизајн на различни делови од градот, плоштади, улици, и во исто време да се поврзе целото место во една целина. Според организаторите, целта беше да се изнајдат решенија и да се разработат сите детали кои се вклучени во проектот, значи од дизајнирање на просторот за седење до сценскиот простор за настапи, што ќе бидат обединети во една единствена композиција.

 

Самата тема беше разработена низ три вида интервенции насловени како „Сообраќај“, „Главен плоштад“ и „Сцени“. Според првата интервенција, на влезот од јавниот простор определен за фестивалот, беше пренаменета една улица со тоа што стана едносмерна, користејќи ја другата лента како простор за интервенција. Овој простор беше проширен и со површината на неколку околни продавници, како и просторот пред нив, со цел да се добие слободна површина на која беа поставени одредени активности кои го анимираа подрачјето.

 

Од друга страна, „ Главниот плоштад“ го претставува срцето на фестивалот, место на кое се добиваат главните информации за случувањата – точка на сите средби. На ова место беа поставени штандови за храна, пијалак и сувенири од фестивалот. За тука бил предвиден дизајн за четири продажни штандови кои го анимираат овој простор со својот специфичен и интересен дизајн. Предизвикот бил тие да се мултифункционални и да постои можност да се користат и по завршувањето на овој фестивал. За третиот вид на интервенција „Сценски простор“ биле предвидени две различни сцени, една во паркот – главна сцена, и другата лоцирана во „Мали Град“ во функција на вечерна сцена на која се изведувале перформанси од различен карактер во рамките на фестивалот.

kamnik_3.jpg

 

Задачата на учесниците во оваа група била да го дизајнираат просторот за седење за двете сцени и да го анимираат просторот зад сцените. Како дополнителна задача на која требаше да се работи на оваа работилница, беа и елементите на урбаната опрема како што се корпи за отпадоци, цветни аранжмани, инфо штандови и слично. Материјалите дозволени за изведба на овие задачи биле исклучиво од еко материјали, природни, стари и рециклирани – се употребувало сè што може да се искористи без поголеми финансиски инвестиции. Во рамките на оваа работилница учествуваа студенти од Шпанија, Белорусија, Србија, Турција, Чешка, Мароко, Италија, Словенија и наш претставник од Македонија, Владо Данаилов, студент при Архитектонски факултет на УКИМ. Сите тие соработувале заедно со цел да одговорат на зададените задачи, но и да споделат едно незаборавно искуство кое го надгради нивното знаење од областа на архитектурата и ги соочи со интересен предизвик.

 

Владо Данаилов, студент на архитектонска работилница Архитектонски Факултет, Скопје

 

Камник – поинакво искуство во споредба со други работилници Учеството на работилницата во Камник претставува значајно искуство за мене од повеќе аспекти. Прво, работев со колеги – студенти по архитектура од различни земји (Словенија, Италија, Шпанија, Мароко, Чешка, Турција), и притоа имав можност да споредувам. Сметам дека компарацијата е потребна за да се лоцира човек – да види каде е, какви се условите во кои се студира и работи, па според тоа до каде е со своите знаења, како во однос на теоријата, така и во практична смисла. Од аспект на практичност – концептот на работилницата беше проектот на кој работиш првите три дена, да го изведуваш во следните пет дена. Имавме одредена количина на расположливи материјали и моравме да завршиме со изградбата пред почетокот на фестивалот. Тоа беше дополнителна причина многу сериозно да се пристапи кон работата.

 

За разлика од други работилници на кои имам учествувано досега, каде се работи на проект и на крај се презентира решението, и тука се завршува – овде искуството е друго. 

kamnik4.jpg

За мене беше голем предизвик да се работи во место како што е Камник. Пред се, да се задоволат барањата и потребите од организаторите, и да се обезбеди она што е неопходно за да се одвива фестивалот Камфест, а воедно и да се внимава на околината и да се зачува духот и традицијата на местото, каде што Плечник ги поставил клучните белези кои го дефинираат градот. Во многу кус период за промислување моравме да донесеме одлуки за тоа каква урбана опрема ќе поставиме на главниот плоштад – срцето на случувањата за време на фестивалот.

 

Трите штанда на коишто се продаваа храна и пијалаци ги направивме со склопување на повеќе дрвени палети, кои претходно ги премачкавме со премази за заштита на дрвото и потоа ги обоивме. За инфо-пункт искористивме стар автомобил кој го обоивме во исти бои како и штандовите – розова со сини цветови, (по сугестија на спонзорите и нивното лого) и тоа го привлече вниманието на посетителите што доаѓаа на централниот плоштад за да добијат информации во врска со фестивалот. Урбаниот мебел кој го изработивме го поставивме на повеќе локации во градот. Столчиња од искористени гуми, клупи од палети, корпи за отпадоци, настрешница за чување на велосипеди – корисна опрема која им припаѓа на локалните жители и се уште се користи од нивна страна. Архитектурата сета им припаѓа на луѓето. Тоа е заклучокот кој го донесов по завршувањето на работилницата. Можеби не монументални и бајковити, но, мали и функционални инсталации кои ги подготвивме, ги овозможи токму фестивалот. Архитектурата беше тука за нив, за посетителите!

 

Ања Јутраз, координатор на работилницата Квалитетно дизајнирање на фестивалскиот простор

 

Работилницата Камфест беше интернационално и интердисциплинарно случување базирано на идејата на студенти по архитектура, пејсажна архитектура и графички дизајн од целиот свет, да се сретнат во Камник и заедно да работат на иста тема. Работилницата всушност почна пред да пристигнат студентите во Камник, односно ние им дадовме информации претходно и потоа заедно го дискутиравме проблемот на дизајнирање на фестивалскиот простор преку дигиталните алатки Freeforum, Skype и Google Wave. Со таквиот начин на организација овозможивме студентите да дојдат подготвени во Камник.

 

kamnik5.jpg

По пристигнувањето работата беше поделена во два дела: прво се одржаа предавања за урбан дизајн каде што партиципантите имаа шанса да дискутираат за зададената задача и да добијат некои нови идеи од професорите од Архитектонскиот Факултет од Љубљана, што ги одржаа овие предавања. Најважниот дел од работата беше изведбата на замисленото, односно градењето на фестивалскиот простор. Студентите имаа за задача да го изградат она што го дизајнираа во првиот дел од работилницата, а притоа беа ограничени со изборот на материјали.

Јас бев навистина задоволна со завршниоит дизајн, и мислам дека по една недела интензивна работа ние успеавме комплетно да го промениме овој простор и да го претвориме во нешто спектакуларно. На луѓето што дојдоа да го посетат фестивалот Камфест, оваа интервенција во просторот многу им се допадна, а тоа најдобро се виде по нејзината употреба. Секој елемент кој го изработивме и поставивме беше искористен за време на целиот фестивал, а со тоа всушност ја добивме вистинската оценка на сработеното.

Испрати коментар

Scroll To Top