Од вечерва почнува второто издание на Skopje Light Art District. Четири дена, 25 уметници, групи и музичари на 18 локации, со своите изложби, перформанси и 3Д мапирања ќе го осветлат центарот на главниот град и ќе го обојат во сите бои.
Со почеток закажан за 20:00 часот на 29-ти мај во Куршумли Ан, од Старата скопска чаршија, преку кејот на Вардар, па сѐ до Градскиот Парк, следете ја патеката и бидете дел од магијата на Skopje Light Art District 2019!
Од минатогодишното, прво издание на Skopje Light Art District