Согласно новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување од утре, 1. декември, се забранува употребата на пластични кеси во земјава – тие веќе нема да се произведуваат. Во маркетите и продавниците ќе се продаваат биоразградливите кеси и ќе чинат 15 денари.
Надоместокот од 15 денари за биоразградливи кеси ќе мора да биде евидентиран, трговците ќе мора да водат евиденција по квартали, и ќе треба да се уплаќа во посебен фонд на Министерството за животната средина и просторно планирање.
Исто така, од утре за првпат се воведува и забрана на пластично пакување за еднократна употреба во заштитените подрачја.