Компанијата Rolls-Royce ги претвора деловите на стари борбени авиони на британската RAF во метален прав, кој се користи за производство на нови компоненти наменети за следната генерација британски воени авиони. Ова е прва иницијатива од ваков вид, покрената од страна на RAF. Создадениот метален прав потоа се користи како суровина за 3D печатење на компоненти од малиот мотор Orpheus. Orpheus е дел од програмата FCAS (Future Combat Air System), а овој проект покажува дека техниката има потенцијал да се користи за следната генeрација на борбени авиони Tempest.
Проектот демонстрира одржлив пристап во инжинерството на воената индустрија. Многу непотребни делови од воената опрема содржат вредни метали како титаниум и челици со висок квалитет. Тимот истражил дали овие материјали може да реупотребат. Вака произведените нови компоненти биле вградени во тестниот мотор Orpheus, чија сигурност и перформанси биле испитани и потврдени. Иницијативата ја нагласува одржливоста на рециклирањето на стратешките материјали, нудејќи потенцијална корист преку намалување на потпирањето на нови суровини.
![](https://www.porta3.mk/wp-content/uploads/2025/02/1_773.jpg)