Архитектите од бирото „ДОМУС Архитекти“ од Сомбор, добиле задача да реконструираат и доградат викендица на брегот на Велики бачки канал,Србија во Бездан. Целта била да се прилагоди старата зграда на новите потреби на корисниците, но и на актуелните стандарди за енергетска ефикасност.
Една од главните водилки за обликување и организација на објектот била желбата на клиентот, дневната зона да се прелее во дворот и на тој начин да ја омекне границата помеѓу ентериерот и екстериерот. Проширување на просторот на катот, исто така било едно од барањата. Во самиот процес, најголемиот предизвик за архитектите бил како да се зголеми отвореноста на постојната викендица и да им се овозможи на корисниците подобра поврзаност со природата.
Постоечката викендица имала осум простории со скромни димензии. Приземјето се состоело од: влезен ходник, три соби, кујна, тоалет, остава и работилница. Се влегувало од покриен трем, а собите биле наредени околу централна просторија.
Архитектите вешто обединиле три мали соби со кујна во единствена комбинирана просторија, со отворен план. Централниот мотив на новата организација е камин – кој го сочинува визуелното и организациско тежиште на објектот.
постоечка состојба
новопроектирана состојба
На предниот дел од куќата архитектите додале спална соба и голема покриена тераса. Поткровјето е претворено во станбен простор, кој е проширен и отворен во правец на каналот.
Терасата ја отвора куќата кон каналот и шумата. Според својата позиција, директно се поврзува со трпезаријата и е главно место за собирање на семејството, особено во текот на летните месеци. Реконструкцијата на викендицата создала нова форма и материјализација на објектот, игра на волумени, отворени и затворени површини.