Трансформација на стар магацин во модерна библиотека. Главната цел на реновирањето било да се создаде уникатен простор кој ќе може да одговори на барањата на населението и да создаде место кое ќе овозможи развој на позитивни активности. Предлогот за проектот бил подготвен земајќи го предвид ограничениот буџет. Било побарано да се направи иновативен проект користејќи евтини градежни техники, но без да се загрози функционалноста.
Вака е создадена оваа уникатна модерна библиотека на местото на стар магацин кој не се користел долги години. Основната идеја на трансформацијата била да се создаде чист и транспарентен простор со капацитет за извршување на повеќе активности во ист временски период. Во простор кој е проектиран да биде формален и крут, целта била да се создаде средина што ќе инспирира поголема флексибилност.
Библиотеката главно е составена од еден елемент кој е развиен по целиот периметар на правоаголникот, со почитување на постоечките отвори. Овој елемент, кој функционира како полица за книги, има и простор за работа на компјутер, простор за прикажување проекции, како и вградени делови кои му овозможуваат на корисникот да седи и да ужива во читањето книги.
Внатрешноста на библиотеката е поделена за да генерира две различни програми. Во пристапниот дел и компјутерите е поставен неопходен мебел за да се овозможат традиционални активности за читање и тимска работа, додека во преостанатиот простор е изградена кружна клупа за чување книги. Оваа клупа е ориентирана кон просторот за проекција и има тепих во центарот за да создаде простор за читање фокусиран на децата и да овозможи користење на друштвени игри.
Внатрешноста на библиотеката е дефинирана со жолта боја во две нијанси во комбинација со бела боја, за да му се даде на посетителот на просторот гостопримлив, опуштен впечаток.