Според анкетата за климатските промени која неодамна ја спровела Европската инвестициска банка (ЕИБ), само 10% од кинезите и 19% од европјаните се подготвени радикално да ги сменат животните навики во борбата против климатските промени, додека тоа би го сториле 27% американци. На европјаните им е најлесно да се откажат од авио услугите (40%) отколку да престанат да јадат месо, да купуваат нова облека и да возат автомобил. Дури 38% од еврпјаните и 39% од американците изјавиле дека најтешко би им било да се откажат од автомобилот.
Меѓутоа, 72% од европјаните сметаат дека нивното однесување може да придонесе во намалувањето на негативните последици од климатските промени, додека 75% од американците, 71% од кинезите и 67% од европјаните велат дека е мала веројатноста за користење на јавниот пренос во наредниот период поради загриженоста за корона вирусот. Анкетата на ЕИБ се за
Мнозинството од испитаниците (79% од кинезите, 67% од американците и 58% од европјаните) велат дека повеќе ги загрижува можноста за зараза од корона вирусот, отколку нивното долгорочно влијание врз климатските промени. Меѓутоа, тие сепак веруваат дека нивното однесување може да помогне во успорувањето на климатските проблеми,во што особено се уверени помладите испитаници во Европа и САД, додека таа разлика не е присутна во Кина.