Насловна / Вести / Од септември во БиХ почнува производство на термоизолација од овча волна

Од септември во БиХ почнува производство на термоизолација од овча волна

Termoizolacija od volna

Компанијата Wool Line Sarajevo, од септември ќе започне со производство на термоизолација од овча волна. Тоа ќе придонесе за решавање на многу еколошки и финансиски проблеми преку искористување на вреден и рентабилен ресурс. „Изолацискиот материјал од овча волна е иднината во градежништвото, што веќе се покажува во Швајцарија и Австрија. Овчата волна погодна е за топлинска изолација поради своите одлични својства“ вели Бојчиќ, директор на компанијата.

Termoizolacija od volna1

„Во просек волната има за околу 20% подобри карактеристики од другите термоизолациони материјали, а обезбедува и за 30% подобра звучна изолација. Животниот век на изолацијата е 50 години, па почетните инвестициони вложувања ќе се вратат за кратко време низ енергетските заштеди“, подвлекува Бојчиќ.

Termoizolacija od volna2

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top