Овие куќи во низа од 1870 година, претставуваат историски важно подрачје во Амстердам затоа што е еден од првите проекти на семејно домување во Холандија. Тие се резултат на група идеалистички работници кои побарале неделна членарина за Здружението на сопственост на зградата од 1868 г.
Малите куќи во низа се наоѓаат нормално на прометниот Mauritskade, а се скриени зад еден празен калканси ѕид. За да им се даде на минувачите чувство за интимност во оваа слепа улица и да се поттикне нивната љубопитност за историската вредност на ова место, уметникот Marjet Wessels Boer го трансформира празниот ѕид во прекрасна полица од тула.
Со техника на сечење на предметите со воден млаз, создадена е шарена колекција на фигури, од удиралка за тепих до украсна фигура на слон. Ликовите се вградени со партиции од тула кои потестуваат на старите полици за чување на весници и списанија.
Заедно овие силуети го претставуваат историското богатство на главниот град а се поддржани од Амстердамскиот фонд за уметности.