Насловна / Вести / Од понеделник на линијата 5 на ЈСП ќе сообраќа нов еколошки автобус

Од понеделник на линијата 5 на ЈСП ќе сообраќа нов еколошки автобус

Од понеделник на линијата 5 пробно ќе вози нов високоефикасен автобус на гас. Автобусот од брендот „Мерцедес“ ќе вози низ Скопје два месеци и има капацитет за 92 патници.

Градоначалникот Петре Шилегов кажа дека со пробното воведување на овој вид автобуси, како и на електрични автобуси во градскиот превоз, Градот ќе има можност да добие информации каков модел на јавен превоз му треба на Скопје.

5ka 2

„Мора да го најдеме оптималното решение, треба да престанеме со носење на одлука без да се согледаат реалните потреби на градот. На Скопје му треба превоз кој нема да загадува. Овој автобусот е направен по последните технолошки трендови во оваа индустрија. Станува збор за енергетски ефикасен автобус, наменет исклучиво за јавен превоз, со намалена потрошувачка на гас. Ова се одлични можности кои ќе не збогатат со нови искуства за градот, што понатаму ќе можеме да ги користиме во планирањето на модернизацијата на јавниот градски превоз. Очекуваме во април да почне да сообраќа и новиот електричен автобус, а има интерес да добиеме на пробно користење еколошки автобуси и од други компании. Оваа година планираме да купиме 20-30 еко автобуси“, рече Шилегов, на потпишување на договорот за пробно користење на автобусот со „Мак Аутостар“.

5ka 1

 

Испрати коментар

Scroll To Top