Од понеделник, општина Центар ја започнува реконструкцијата на улица „Благој Страчков“.
Граѓаните се жалеа бидејќи на улицата никогаш немало атмосферска мрежа, и при секој дожд се собираше вода.
На улицата беше поставен водовод , а сега ќе се постави и атмосферска мрежа во должина до приклучокот од 130 метри. По ова ќе се реконструира и коловозот, во должина од 75 метри.
По завршувањето на делот од улицата „Аминта Трети“ („Ленинова“), од Градски парк до улицата „Илинденска“, од наредната недела започнува и реконструкцијата од „Илинденска“ до „Орце Николов“.