Насловна / Архитектура / Од планирање на градот до нерамномерен развој и социјална неправда

Од планирање на градот до нерамномерен развој и социјална неправда

Начините на кои планирањето и зонирањето придонесуваат за нееднаков развој и како тоа има импликации врз дизајнот на населбите, историјата на планирањето како и појавата на урбана фрагментација, е една од клучните теми со која треба да се занимаваат градовите со воспоставена стратегија и визија. Во општества, каде економскиот развој е основниот критериум кој го детерминира градоградењето, цената која не се надоместува директно од производителот, тенденцијата за надоместокот обично паѓа на товар на маргинализираните категории во општеството (изложеност на загаден воздух, вода и почва). Па затоа во понатамошниот контекст, ќе се стави фокус на планирањето како креатор на неправдите во животната средина, како и за важноста на социјалната правда и еднаквоста во напорите за урбана ревитализација на девастираните градски ткива.

ИСТОРИЈА НА ПЛАНИРАЊЕ И ЗОНИРАЊЕ ВО САД

Oсновата за многу од сегашните прописи и стандарди за зонирање и планирање произлегуваат од напорите за време на санитарното движење уште во ерата на индустријализацијата од 19 век. Напорите за спречување на ширењето на заразните болести поаѓаат од констатацијата дека близината меѓу индустријата и зоната за домување е нездрава. Во дваесеттиот век, со цел да да се подобри квалитетот на животната средина и да се заштити јавното здравје, Њујорк ќе ја донесе првата сеопфатна уредба за зонирање во 1916 година за да ги одвои некомпатибилните намени на земјиштето со цел да се ограничи изложеноста на луѓето на токсичниmхемикалии и биолошки реагенси. Пристапот за зонирање воспоставен од градот Њујорк на национално ниво преку Законот за стандардно зонирање и овозможување (SZEA) и сè уште ја обезбедува основата на современите регулативи за зонирање. Во 1926 година, историскиот случај на Врховниот суд на Соединетите Држави на Ambler Realty, против градот Евклид ќе резултира со кодификување на уредбите за зонирање, како е една од најважните одлуки на државата за заштита на здравјето и безбедноста на заедницата.

1

2

3

4

Етапи во планирањето на градот Евклид во Кливленд, Охајо, по одлуката на Врховниот суд на САД од 1920 до денес каде за прв пат се пресудува во корист на јавниот интерес и зголемената густина на урбаните ткива преку вметнување на зонирањето на земјиштето како уставна одредба.

 

СЕЛЕКТИВНО ЗОНИРАЊЕ И РАЗВОЈ НА УРБАНИТЕ ТКИВА

      И покрај се, денешната тенденција на политиките на управување , со определени региони во САД, алудира на користење и зонирање на земјиштето како начин за изолирање на инвестицијата и подобрување на вредноста на имотот. Па така, овие региони го контролираат локалното користење на земјиштето, вклучувајќи ги институциите и развојот на бизнис климата,  на сметка на маргинизираните категории,( сиромашните луѓе и имигрантите), преку принципот на изолирано зонирање создавајќи области со концентрирани намени (на пр., станбени, деловни, училишта, друг вид на државни институционални зони).

Во повеќето случаи, системот ја поддржува независноста на општините да изработуваат сопствени прописи за зони и стандарди за планирање што ќе им овозможи оптимален развој преку зачувување на јавниот интерес, во истовреме ги охрабрува истите да развијат и имплементираат регулативи и стандарди за планирање и зони кои имаат корист единствено за определена групација на корисници, игнорирајќи ги  потребите и грижите на обесправените категории граѓани. Како резултат на тоа, дискриминаторското планирање придонесува кон нееднаков развој во метрополите, ограничувајќи го пристапот на сите граѓани до достапни станови, јавен превоз, добри училишни системи и економска инфраструктура. Ова резултира со појава на сегрегирани заедници по линијата на раса и класна раслоеност и создавање на урбана подкласа на која ѝ е оневозможен пристап до основните намени.

Поради тоа нужно се наметнува потребата од појаснување на социјалните феномени настанати како резултат на неуспехот од намалување на економскиот фактор врз детерминирање на урбаните ткива и тоа: еколошки расизам, социјална правда, и општествена неправда.

               ЕКОЛОШКИ РАСИЗАМ

Еколошкиот расизам е непропорционално влијание на опасностите од животната средина врз маргинализираните групи. Тој е предизвикан од неколку фактори и вклучува запоставување на земјиштето, континуирано загадување во урбаните средини, недостаток на институционална моќ и ниска вредност на земјиштето, на кој како сопственици се лица со ниски примања. Следствено,  факт е дека заедниците со ниски приходи се несразмерно погодени од загадувачките индустрии (капацитетите за опасен отпад) како и од недостатокот на механизми за нивно регулирање.

               СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Правдата на животната средина се однесува на оние културни норми и вредности, правила, регулативи, однесувања, политики и одлуки за поддршка на одржливоста, каде што сите луѓе можат со сигурност да се потпрат на фактот дека нивната заедница и природни ресурси се безбедни и продуктивни. Еколошката правда се остварува во оној момент кога сите граѓани можат да го остварат својот најголем потенцијал, без опасност од појава на еколошки расизам или нееднаквост, преку  вклучително и подобрување на јавниот пристап до податоци и информации за животната средина, подобрување на квалитетот на животот преку пристап до еколошки добра и зачувување на ресурсите за идните генерации.

Еколошката правда се фокусира на четири области:

  • Реставрација на контаминирано и индустриско земјиште
  • Пристап до еколошки придобивки и услуги во социјално и/или економски обесправените области
  • Локацијата на индустриските капацитети и нивните влијанија врз локалните жители
  • Вклучување на ставовите на локалните жители и засегнатите страни во прашањата за планирање и развој.

  ПЛАНИРАЊЕ, ЗОНИРАЊЕ И ОПШТЕСТВЕНА НЕПРАВДА

      Целна група на социјалната правда се всушност популации со ниски приходи и популации кои живеат во населби кои се изложени на ризици поради неадекватно користење на земјиштето, како што се депонии, локации за опасен отпад, капацитети за производство на енергија, петрохемиски постројки и фрекфентни автопатишта поради дискриминаторско зонирање. Недостатокот на пристап до паркови, зелени површини, рекреативни објекти, станбени средини погодни за пешаците и непропорционалното оптоварување со патогена инфраструктура како што се рестораните за брза храна, продавниците за алкохолни пијалоци итн. се предмет на истражување на  еколошката правда. Непропорционалниот товар од штетното користење на земјиштето како и појавата на патогена инфраструктура доведува до поголема изложеност на неквалитетни средини, зголемени здравствени ризици и појава на се поголем број коморбидитети предизвикани од болести како што се астма, рак, гојазност, дијабетес и кардиоваскуларни болести во урбаните средини. Ваквите високоризични географски поставки се класифицирани како „ризични урбани предели“, каде живеењето во истите доведува до тоа сиромашните популации да бидат најранливи на ефектите од загадувањето на воздухот, вештачките и природните катастрофи и климатските промени.

ИДЕН ФОКУС НА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ

       Планирањето и зонирањето се децидни во напорите за подобрување на физичките и социјалните средини во кои егзистира модерниот човек. Овие средини во моментов не се дизајнирани да поттикнуваат здрави навики и истите често промовираат седентарен начин на живот. Дополнително, бидејќи политиките за зонирање и користење на земјиштето често се дискриминаторски и исклучувачки, последицата е нерамномерна распределба на ресурсите во градските ткива, на сметка на сиромашните заедници.

Предизвикот кој сега им се наметнува на градовите опфатени со фрагментација, и социјална неправда е при иден развој на урбаните јадра,  да се стремат кон подобрување на стандардите и квалитетот на живот без притоа да се нарушат карактерот и симболизмот на урбаните пејзажи,  преку ограничување на индустријата и дестимулација на патогените намени. Овие процеси бараат сеопфатна демографска анализа и имплементирање на повеќе пристапи како што се„паметен раст“, „одржливост“, „нов урбанизам“ и „ активно живеење“, како мерки за  поправеден регионален развој и обезбедување на оптимални услови за сите чинители. Промената не може да се случи без вклучување на сите засегнати (службениците од јавното здравство, урбанистите, институциите, групите на граѓани) во процесот за креирање на политиките на градовите.

5

транформативност на конкретен плански опфат по терк на концептот ‘нов урбанизам’ , како потрадиционална стратегија за планирање, каде се стимулира независноста од автомобилите преку создавање нови пешачки зони

Испрати коментар

Scroll To Top