На пристаништето во Бејрут е подигната скулптура на жена изработена од парчиња стакло, железо, жица и други остатоци, а ја изработи либанскиот уметник Хајат Назер. Скулптурата стана дел од главниот град на Либан.
Назер преку социјалните мрежи ги замоли луѓето да донесат значајни предмети што беа скршени и уништени во експлозијата што го погоди Бејрут, како рамки за слики, скршени часовници и дрвени столици.
Скршено стакло, градежен шут и предмети од уништени куќи се собрани по експлозијата што го уништи Бејрут на 4 август.
Скршениот часовник, потпрен на нозете на жената, покажува 18:08, точното време кога се случила катастрофата, а жената ја крева раката во правец на разурнатиот град.
Хајет Назер е активен социјален работник и е дел од невладина организација која им помага на бегалците и на сите оние на кои им е потребна помош.
Скулптурата на жена е една од низата револуционерни уметнички дела како што се Феникс, Срцето на револуцијата и проектот Круната. Светските медиуми пишуваат дека Назар целиот гнев и болка ги претворила во неверојатни уметнички дела што остануваат за сите времиња.