По доцнењето од половина година, терминалот за ТПГ во Александропулос, Грција ќе биде пуштен во работа на 1-ви октомври. Со проектот заеднички управуваат Грција и Бугарија, преку компанијата Gastrade. Бугарскиот државен оператор на системот за пренос и складиштење на гас Bulgartransgaz има удел од 20%. Изградбата на терминалот формално беше започната во мај 2022 година. Бродот „Александрополис“ има капацитет од 153.500 кубни метри. Тој терминал ќе биде во состојба да обезбеди над 5,5 милијарди кубни метри гас годишно.
Проектот е од суштинско значење за проектот „Вертикален гасен коридор“, кој би покрил голем дел од Источна Европа. Планираната експанзија на „Интерконекторот Грција – Бугарија“ (Interconnector Greece-Bulgaria – IGB) од три на пет милијарди кубни метри годишно, зависи од отворањето на оваа пловечка постројка. Освен тоа, проектот има големо значење и за Србија и Македонија. Грција веќе има еден терминал за ТПГ – Ревитуса.