Насловна / Архитектура / Од напуштена електрана до факултетска зграда

Од напуштена електрана до факултетска зграда

elektrana-fakultet-01-726x400

Чикашкото студио Gang Architects го претстави својот проект за пренамена на објектот на напуштена електрана во Висконсин, во образовна институција со спортски центар.

elektrana-fakultet-02-630x450

Електраната на јаглен која одамна не е во функција, а притоа зазема многу убаво место покрај реката на гратчето Белоит, повторно се враќа во живот ама со друга намена, поради што ќе претрпи целосна трансформација. Обновената зграда не само што ќе има училници и амфитеатри за настава, туку во својот програмски склоп ќе има и базен, теретана, кафетерија, библиотека и театар. Се што е потребно за функционирање на еден објект во кој ќе се надоградуваат студентите.

elektrana-fakultet-03-630x450

Оваа трансформација на старата електрана подразбира и градба според еколошките стандарди и енергетската ефикасност, па така обновениот објект ќе има посебна фасада која ќе ја регулира температурата во објектот во тек на целата година, со што значително ќе се заштеди на трошоците за греење и ладење.

Овој факултет своите први студенти треба да ги прими во 2018 година.

elektrana-fakultet-04-630x450

Испрати коментар

Scroll To Top