Во целост Ви го пренесуваме соопштението на Македонски Енергетски Ресурси – МЕР АД Скопје.
Во врска со соопштението на граѓанската инициатива “Го сакам Водно”, ја информираме јавноста дека изградбата на гасоводот на лот5 , Скопје –Тетово – Гостивар, продолжува според основниот проект кој што има правосилно одобрение за градба, и сите други потребни дозволи дефинирани со позитивните законски прописи. Изградбата е според сите стандарди на квалитет и безбедност. Ако има сомнеж или индикации за каква било повреда на некои законски постапки и прописи, ги повикуваме сите што евентуално поседуваат такви информации да се обратат до надлежните институции во рамки на правниот систем на државата.
Воедно сакаме да информираме дека МЕР има постојана комуникација и соработка со гореспоменатото граѓанско здружение, со цел инклузивност, информираност и сеопфатност, и така ќе продолжиме и понатаму. Координацијата можеше да биде уште поефективна доколку граѓанската иницијатива воспоставеше појасна структура за комуникација со институциите, на што МЕР укажа некоку пати, и поради што се појавија извесни недоречености и недоразбирања.
Сепак, како резултат на овие разговори произлегоа низа предлози идеи и сугестии кои што придонесоа за намалување на влијанието врз животната средина, и ние им се заблагодаруваме на нивниот придонес.
Напоменуваме дека Владата, МЕР и Град Скопје ги прифатија најголемиот дел од барањата и сугестиите, како што се:
– Намалување и стеснување на работниот појас,
– Измена од 20км до 24км, со цел избегнување на сечење на дел од шумата
– Направен е проект за дополнителни мерки за ерозија,
– Програма за рекултивација на која што веќе работи работната група
– Носење на закони за Водно, Матка и Гази Баба, за кои веќе се работи во надлежните институции
– Финансирање на неколку еколошки проекти, за кои има одлука на влада
– и ред други технички барања и сугестии
Но, мора да се напомене дека барањето за изнаоѓање алтернативна траса во оваа фаза на реализација на проектот, не е возможна, од причини што неколку пати беа образложени.
Исто така, барањето на некои од иницијативите за откажување од проектот Гасификација е целосно неприфатливо бидејќи е спротивно на интересите на граѓаните, спротивно на заштитата на животната средина и спротивно на очекувањата на бизнис заедницата.
Во сите јавни дебати ги потенциравме нашите аргументи, а кои што беа потвредни од сите стручни лица од областа, дека поминувањето на подземен гасовод низ јужната страна на Водно ќе има минимимални и сосема незанемарливи влијаниа врз екосистемот на Водно , и скоро никакви влијаниа врз амбиенталниот воздух на Скопје.