Зад трансформацијата на манастирскиот комплекс Saint-Lazare во модерен хотел и ресторан, кој се наоѓа во францускиот манастирски град Fontevraud, стојат дизајнерите Patrick Jouin и Sanjit Manku од архитектонското биро Agence Jouin Manku. Главната задача на дизајнерите била да се интегрираат естетиката и технологијата на 21 век без измени на оригиналната структура на зградата, која е под заштита, а некогаш се користела како болница за калуѓерки.
Tие не сакале во Fontevraud креирање на класично искуство на хотели и ресторани, туку поинакво доживување за гостите, едно своевидно патување помеѓу традицијата и современоста која ќе ја реинтерпретира приказната за Saint-Lazare полна со емоции и сензуални задоволства.
За да се постигне посакуваната атмосфера, целиот мебел е специјално дизајниран за просторот и користени се само дрво, метал и текстил кои изгледаат беспрекорно, ненаметливо и убаво во комбинација со камениот простор.