Од Лондон до Њујорк со автомобил? Генералниот директор на „Руски железници“, Владимир Јакуњин, најави план за изградба на транссибирскиот автопат, со кој инфрастуктурно би се поврзале Азија и Северна Америка. Проектот предвидува изградба на огромен автопат долж посточеката транссибирска пруга, кој треба да ги поврзе Русија и Алјаска.
„Ова е меѓународен, но и меѓуцивилизациски проект, кој на светот би му дал една нова димензија во иднина“, рече Јукањин на обраќањето во Руската академија на науките.
Патот би поминувал низ целата територија на Русија во должина од 10.000 километри и би значел поврзување со постоечката автопатска мрежа во Западна Европа и Азија.
Сепак, во проектот не е дефинирано како патот ќе поминува преку морето, со оглед на тоа што најблиската копнена точка помеѓу Русија и Алјаска изнесува 88 километри.