Во екот на туристичката сезона, по патот Подгорица – Цетиње – Будва секојдневно минуваат по околу 9.000 автомобили. Од оваа сезона собраќајот по оваа делница ќе биде поефикасен бидејќи е направена реконструкција на оваа најпрометна сообраќајница во Црна Гора. Повеќемесечните изведбени работи веќе се сосема при крај и наскоро се очекува и официјално пуштање во сообраќај.
Со оглед на фактот што постоењето на трета лента како резултат од реконструкцијата овозможува брзо возење и претекнување, министерот на сообраќај и поморство предупредува на внимателно возење и апелира до полицијата на засилени контроли. Патот Подгорица – Цетиње – Будва долг е 60 km, и во експлоатација е од 1983 година.