Насловна / Архитектура / Од катастрофален пожар до нов Кодекс на Британските архитекти

Од катастрофален пожар до нов Кодекс на Британските архитекти

На 14 јуни оваа година се одбележа седмата годишница од катастрофалниот пожар во Кулата Гренфел во Лондон од 2017 година во кој 72 лица го изгубија својот живот, а 70 беа повредени одбележувајќи го овој пожар како најголемиот мирнодопски на објект на тлото на Велика Британија по Втората светска војна.  За жал за преживеаните и за најблиските на жртвите на оваа трагедија се чини дека правдата станува се понедостижна.

Во Британија понекогаш се вели дека „тркалата на правдата споро се вртат“, но истовремено се вели и дека „спората правда не е правда“.  При ова честопати се прави паралела со Хилсборо катастрофата во Шефилд од 15 април 1989 година кога 97 навивачи го загубија својот живот, а над 760 беа повредени како резултат на „човечко стампедо“ и пригмечување во обидот да влезат на трибините на Хилсборо Стадионот на полуфиналниот натпревар, на неутрален терен, помеѓу фудбалските клубови Ливерпул и Нотингам Форест.

По низа истраги дури во 2016 година порота донела одлука дека 96 жртви биле нелегално отепани, а коешто во 2017 година довело до криминални обвинувања да се поднесат против шест лица, меѓу кои и против Дејвид Дукенфилд за 95 убиства од небрижност.  Тој во времето на катастрофата бил Главниот началник на регионалната Полицијата на Јоркшаја, но во второто судење во 2019 година поротата го прогласила дека не бил крив.

Во меѓувреме повеќето други обвинети или биле ослободени или пак било најдено дека не се криви.  30-ет години по катастрофата, во 2019 година само едно лице било осудено за оваа катастрофа, Грахам Макрел, лицето задолжено за безбедност при работа на стадионот, а затоа што не обезбедил доволен број на вртечки бариери за контрола на влезот во стадионот.  За жал нема лесно достапни информации за тоа колку од преживеаните на оваа катастрофа и најбилиските на жртвите доживеале да ја слушнат пресудата 30 години подоцна.

БАВНИОТ НАПРЕДОК ВО ИСТРАГИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КУЛАТА ГРЕНФИЛ

Според коментарите коишто можат да се слушнат во медиумите, одредени лица честопати се прашуваат во која мерка, бавниот напредок на истрагите во однос на катастрофалниот пожар во Кулата Гренфил е поврзан со фактот дека во кулата воглавно биле социјални станови.

Во мај 2018 година Дамата Џудит Хакит ја заврши својата независна евалуација на градежните прописи и безбедноста од пожари под наслов „Изградаба на побезбедна иднина“ во која ги утврди клучните причини кои придонеле за да се создадат предусловите за оваа катастрофа: „4-НЕ“ – незнаење, незаинтересираност, нејасност и несоодветност.  Неколку години подоцна беше донесeн Законот за безбедност на објекти во 2022 година со пратечките закони, прописи и правилници, а според кои времетрањето на одговорноста за новоизграден објект се зголемува проспективно од шест на 15 години за новоградби, и ретроспективно од шест на 30 години за постојните објекти.  Воведувањето на ново тело, на државно ниво во Англија и Велс, Регулатор за згради и измени во постапката за стекнување со градежна дозвола за (високите) објектите со голем ризик, создадоа услови во коишто е невозможно да се планира временскиот период потребен за стекнување со одобрение за градба, а уште помалку за тоа колку одобрението ќе чини, со оглед дека освен претходно дефинираните надоместоци за поднесување на барањето, регулаторот може да наплати по околу 165 евра на час за секој експерт којшто ќе го ангажира за да помогне во разгледувањето на барањето.

ИЗВЕШТАЈ ОД ИСТРАГАТА ЗА КУЛАТА ГРЕНФИЛ – СМРТНИТЕ СЛУЧАИ МОЖЕЛЕ ДА СЕ ИЗБЕГНАТ

На 19 август 2024 година, со задоцнување во однос на очекуваното, беше објавен вториот, краен, извештај од Истрагата за Кулата Гренфел изготвен под Претседателство на Сер Мартин Море-Бик, а по разгледување на 320 илјади документи, 1600 изјави на сведоци и над 300 јавни сослушувања вклучително и со оние на видни политичари вклучително со поранешни Британски премиери.  Истрагата одпочна на 15 јуни 2017 година, а прелиминарниот извештај од првата фаза на истрагата беше објавен на 30 октомври 2019 година.

Крајниот извештај од истрагата утврдил дека овие смртни случаи можеле да се избегнат и дека оние коишто живееле во кулата не биле соодветно заштитени во подолг временски период од оние кои биле одговорни да ја обезбедат безбедноста на жителите во објектот, а ги вклучуваат Владата, Организиацијата за управување на станарите, локалната власт, производителите и добавувачите на материјалите користени при модернизацијата на објектот, оние кошто ја сертифицирале соодветноста на овие материјали за користење на висококатни станбени обејкети, архитектот, главниот изведувач, и некои од подизведувачите, некои од консултантите, и особено инженерот за противпожарна заштита, градежната служба при локалната власт и противпожарната служба.  Според претседавачот на истрагата, не сите гореспоменати имаат подеднакво ниво на одговорност за катастрофата, но дека сите тие, на еден или друг начин, имаат придонесено за истата, во најголем број  случаи заради некомпетенетност, а во одередеи случи и како резултат на нечесност и алчност.

Според членот на истражниот панел, архитектот Тоурија Истефан, „до колку Вие работите во градежната индустрија и не го чусвтвувате бремето на одговорност која ја имате за безбедноста на луѓето – тоагш, Вие сте на погрешна работа.“  Членот на истражниот панел и бившиот извршен директор на станбената асоцијација Али Акбор ОБЕ, додава дека се надева дека нивниот извештај ќе послужи како потсетик на клиентите / нарачателите на идните градежни објекти, вклучитело со оние коишто обзезбедуваат социјално домување „дека тие имаат одговорност кон корисниците на нивните објекти да ја обезбедат нивната безбедност без истата да биде жртвуваниа како резултат на барањата за брзина и економичност“.

ОБВИНЕНИЈА ЗА ОДГОВОРНИТЕ ЗА ПОЖАРОТ

Препораките на истрагата се:

  • Одговорноста за сите аспекти на безбедност од пожари да биде во рамките на само едно министерство.
  • Да се назначи регулатор за градежништво кој ќе ги надгледува сите аспекти на градежната индустрија.
  • Да се воспостави тело за професионални инженери за противпожарна заштита, кое соодветно ќе биде регулирано и ќе има заштитет статус, како и да се воведат задолжителни стратегии за заштитата од пожари за објектите со висок ризик.
  • Да се воведат правила за лиценцирање на изведувачи коишто сакаат да вршат изградба или модернизација на објекти со високо ниво на ризик.
  • Проценителите на ризикот од пожари да бидат регулирани и да подлежат на задолжиелна акредитација.
  • Да се воспостави Колеџ за противпожарна заштита и спасување што ќе обезбеди практична, образовна и менаџерска обука за службите за противпожарна заштита и спасување.
  • Да се водведе обврска владата да води јавно достапна евиденција од сите препораки на избраните комитети на собранието, истрагите од вештаци и оние јавните, со објаснувања за постапките превземени како одговор на истите или пак за причините за одбивање за нивно применување.

Според најавите се очекува дека собраните материјали во текот на истрагата во перодот од 2017 до 2024 година да бидат предадени на Кралската служба за прогон, а на која ќе и треба околу две години да утврдат дали, против кого, и за кои кривични или други дела ќе може да се покренат обвиненија за одговорните за пожарот и последиците од истиот во Кулата Гренфел.  Така да веројатно околу една деценија ќе помине пред да се обелоденат првите обвиненија и започнат судските процеси против обвинентите.

Во меѓувреме субјектите во градежништвото се обидуваат да бидат проактивни и прават напори да се прилагодат на новонастанатата ситуација и да ја заштитат и пошироката јавност и своите членови од несакани катастрофи и последици во иднина.

ПРОМЕНА НА КОДЕКСОТ НА АРХИТЕКТИ

Британскиот Совет за регистрација на архитекти не е исклучок во овие напори и во септември 2024 година го отпочна процеост на јавна консултација за промена на Кодексот на архитекти.  Споеред последниот Кодекс на архитектите од 2017 година, Британските архитекти се обврзани да ги почитуваат слединиве 12 стандарди:

  1. Да бидат чесни и да делуваат со интегритет.
  2. Да бидат компетентни.
  3. Да ги промовираат своите услуги чесно и одговорно.
  4. Компетентно да го менаџираат својој бизнис.
  5. Да го земат во предвид пошироките последици од својата работа.
  6. Да ја вршат својата работа чесно и совесно.
  7. Да бидат доверливи и соодветно да се грижат за парите на своите клиенти.
  8. Да имаат соодветно организирано осигурување
  9. Да ја чувуваат репутацијата на архитектите.
  10. Соодветно да постапуваат со споровите и жалбите.
  11. Да соработуваат со регулаторните барања и истраги.
  12. Да имаат респект кон другите.

Според предлогот за новиот Кодекс на архитекти, погорниве 12 стандарди се заменуаат со шест нови стандарди:

  1. Чесност и интегритет.
  2. Јавен интерес.
  3. Компетентност.
  4. Професионална пракса.
  5. Комуникација и колаборација.
  6. Почит.

Очекувањата на Советот се дека со намалувањето на бројот на стандари и на нивната прописност/прескриптовност ќе се подржи нивната релевантност и имплементација, а дека пратечките примери на очекувани однесување ќе им помогнат на архитектите да се придржуваат до истите во својата професионална пракса.  Веројатно како најзначајна промена која се очекува да се внесе преку Кодексот на архитекти е кога идните архитекти ќе треба да се воведат во Кодексот.  Досегашната пракса е Кодексот да се изучува во третиот дел на едукација во рамките на подготвителните студии за полагање на стручниот испит на архитектите, значи непосредно пред нивната професионална квалификација и стекнување со овластување/регистрација.  До колку се усвојат предложените измени, воведувањето во Кодесот за архитекти би се префрлило во првиот дел на едукација, значи во делот на додипломските студии преку коишто идните архитекти уште од зачетоците на своето образование ќе се запознаат за очекуваниот начин на однесување во текот на своите студии и пракса.

Само времето ќе покаже дали наведените промени ќе ги дадат очекуваните резултати.  Тешко ќе биде да се отфрли нивото на секптицизам во услови кога само некои учесници во процесот на градење, најчесто дел од проектантските дисциплини, подлежат на професионална регистрација и кодекс на одржување, додека другите, како на пример изведувачите, не.  Доволно е само да се има положен испит за безбедност при работа на градилиште.

ПРОПИСИТЕ СЕ ДОБРИ ОНОЛКУ КОЛКУ СЕ ПРИМЕНУВААТ ВО ПРАКСА

Веројатно, би било пожелно да се споредат искуствата од земјите каде сите учесници во процесот на проектирање и градење на еден објект подложат на регулација, овластувања и лиценци, како на пример во Македонија.  За тоа дали и во која мерка овој пристап помога да се надминат несоодветните начини на однесување, веројатно најдобри можете да процените и самите.

Доколку основниот проблем е дека прописите се добри онолку колку што се применуваат во пракса, веројатно вториот проблем е колку се добри самите прописи, со оглед дека во Британија нема недостаток на прописи.  Третиот проблем, веројатно и најзначајниот, е поврзан со вооченото однесувањето, некомпетентност и алчност.  Колку последниве се последици на тачеризмот, реганизамот, монетаризмот, неолиберализамот или некој друг „изам“ е прашање за економистите, социолозите и политиколозите.

Испрати коментар

Scroll To Top