Во најголемата термоцентрала на јаглен во Европа, TPP Drax во Велика Британија, во моментот е исклучен четвртиот блок заради реконструкција, по која наместо јаглен како гориво ќе се користи биомаса. Претходно три блока веќе се реконструирани за работа на биомаса. Проектот за реконструкцијата на четвртиот блок ќе биде целосно готов до крајот на 2018 година. Потоа, ќе следува реконструкција на уште два блока, но овојпат за користење на природен гас како гориво, а истовремено ќе се изгради и систем за складирање на енергија со моќност од 200 MW.