Насловна / Екологија / Од идната година задолжителна контрола на издувните гасови кај возилата

Од идната година задолжителна контрола на издувните гасови кај возилата

22-2200x1200
Од први јануари 2015 година на сила ќе стапи нов закон со кој ќе се воведат построги казни за станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови кај возилата во постапка на регистрација.

Законските измени се скроени, а наскоро за нив ќе расправаат и пратениците. Но, не само парични казни, за оние што нема да ги почитуваат одредбите од законот може да се случи да бидат затворени.

„За да се спречи загадувањето на атмосферскиот воздух и да се пресметаат количините на издувни гасови, потребно е преземање на построги казни во станиците за технички преглед во случај на неконтролирање на издувните гасови  кај возилата во постапка на регистрација, односно е потребно да се интервенира во Законот за возила“, стои во објаснувањето на законските измени.

Станиците за технички преглед и покрај законската обврска што ја имаа и досега за мерење на издувните гасови, истата не ја извршуваа од причина што не беа пропишани казни за непостапување по наведените одредби.

Испрати коментар

Scroll To Top