Летонскиот архитект и урбанист Ото Озолс има направено кратко анимирано видео за тоа како секоја фрекфентна градска улица може да се трансформира во пријатна зелена оаза, погодна за сите учесници во сообраќајот, но безбедна за пешачење и возење велосипед и пожелна за живеење.
Видеото, објавено на Твитер, трае 1 минута и 22 секунди и се базира на претпоставка за потребата да се претвори фреквентната улица Александра Чака во Рига во место погодно за удобно живеење.
Пораката на видеото е многу јасна: со намалување на просторот за автомобили и создавање безбедни велосипедски патеки, видливи и заштитени пешачки премини со воведување на ограничување на брзината од 30 километри на час и зазеленување на улицата и редизајн на тротоарот, улицата се менува радикално и станува привлечна за граѓаните.
Пандемијата на коронавирусот значително ги забрза промените во планирањето на сообраќајот кон одржливост, а голем број европски градови ги посветија своите центри исклучиво на јавниот превоз, пешаците и велосипедистите. Најголемите градови како Лондон, Париз и Милано спроведоа нови сообраќајни прописи и пренаменети сообраќајни ленти за уредување на привремени велосипедски патеки, т.н. Поп-ап ленти за велосипеди, од кои многу веќе станаа трајни. Уредувањето и комплетен редизајн на градските улици во корист на пешаците и велосипедистите не е мода и иновација на светските и европските метрополи, туку итна и многу потребна мерка за подигнување на квалитетот на урбаниот живот и прилагодување кон климатските промени.
Ова кратко, но импресивно видео покажува како скоро секој град може за кратко време да преобрази дел од неговите градски патишта во пријатни зелени оази, погодни за сите учесници во сообраќајот, безбедни за пешаците и велосипедистите и пожелни за домување. Трансформацијата треба само да биде посакувана, избрана, дизајнирана и применета во пракса.